Line Панели

LINE панелите од нашата програма се изработени од висококвалитетен ПВЦ лим од домашно производство со дебелина од 1.5мм. Отпорен на надворешни влијанија, во комбинација со изолациониот материјал, овој лим ја обезбедува потребната звучна и термичка изолација за Вашиот дом.

Модерниот дизајн проследен со минималистички ноти кои доаѓаат од присутните линии на овој панел ќе и дадат на Вашата врата уникатност и елеганција.

PVC Панели

Едноставноста и класичниот изглед на овие панели, на вашиот дом ќе му дадат вонвременски шарм кој ќе ве освои на прв поглед.

Inox Панели

Посебната декоративна апликација од инокс на Вашата врата претставува комбинација на луксуз, префинетост и модерен дизајн.

Flat Панели

Минималистичкиот дизајн на програмата FLAT панели ќе биде вистинско освежување за Вашиот дом кој ќе добие едноставна и модерна декорација.